Српскиот фудбалер, Филип Костиќ не е во плановите на Тијаго Мота за новата сезона во Јувентус, а според последните информации интерес за него покажал премиерлигашот Кристал Палас.
Костиќ е повреден и во овој момент е надвор од терените. Повредата ја заработи во настапот за Србија на Европското првенство кое се игра ова лето.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Според последните информации од Италија, Јувентус е спрeмен да го продаде Костиќ за сума од осум милиони евра.
Главна причина за интересот од Кристал Палас е тренерот Оливер Галсер со кого Костиќ соработуваше во Ајнтрахт Франкфурт. Костиќ под негово водство во германскиот клуб запиша 16 асистенции и постигна седум гола на 45 натпревари.
Сепак, медиумите го поставуваат прашањето дали Палас е подготвен да доведе фудбалер кој во овој момент се рехабилитира од повреда.