Дома Топ вести Јувентус тргнува по ѕвездата на Лион

Јувентус тргнува по ѕвездата на Лион

Италијанските медиуми пренесуваат дека главна трансфер цел на Јувентус на лето ќе биде ѕвездата на Лион.

Станува збор за 22-годишниот Хусем Оуар, талентиран играч за врска со огромен потенцијал, кој го привлече вниманието на многу европски гиганти.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Оуар е поливалентен офанзивен фудбалер кој може да игра на повеќе позиции, а особено е ценет поради своите технички способности.

Јувентус будно ја следи ситуацијата и на лето сака да го донесе во Торино, а како дел од трансферот може да биде вклучен и Де Шиљо, кој моментално е на позајмица во Лион.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Белгија никако не може да го пробие бункерот на Македонија (Видео)

Македонската репрезентација во Гент против моќната Белгија ја игра натпреварот со изразено…