Дома Трансфер зона Јувентус тргнува по Андре Гомеш – Барса ја постави цената!

Јувентус тргнува по Андре Гомеш – Барса ја постави цената!

Јувентус е во потрага по квалитетен играч за врска, а италијанските медиуми пренесуваат дека „старата дама“ сега се насочува кон играчот на Барселона, Андре Гомеш.

Андре Гомеш и минатото лето беше трансфер цел на „бјанконерите“, но тогаш Португалецот се одлучи за преселба во Барселона.

Јосиф Дамјанов: Како да изградиш бренд што менува животи! 🚀💡 ↓↓↓


Во својата прва сезоната на „Камп Ноу“ не се најигра баш многу, а беше прогласен од страна на навивачите како „промашување на сезоната“.

Поради тоа Барселона нема да се противи на неговото заминување, а Јувентус сака да ја искористо таквата ситуација.

Италијанските медиуми пренесуваат дека двата клуба веќе започнале преговори, а Барселона за неговата слобода бара 35 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…