Италијанскиот шампион Јувентус најавува фантастична завршница на преодниот рок.
Едното засилување веќе е договорено, Бенедик Ховедес, е човекот со кој Јувентус ќе ја затвори одбраната. Се очекува Германецот во текот на денешниот или утрешниот ден да пристигне во Торино. Иако, за овој фудбалер интерес покажа и Ливерпул, тој се одлучи за Италија.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Но, тоа не е се од Јувентус во овој преоден рок. „Бјанконерите“ ќе се обидат да го доведат и Балде Кеита кој ги одбива сите други понуди, но Лотито не сака да го пушти за 20 милиони евра, колку што нуди италијанскиот шампион.
Но, тој не е приоритет.
За фудбалерот поради кој директорите на Јувентус се во Рим може да се каже дека е невозможна мисија. Имено, Јувентус ја зголеми понудата за Стротман, сега нудат 45 милиони евра за Холанѓанецот и спремни се како дел од трансферот да го вклучат и Хуан Квардадо.
Стротман не се огласил по интересот на Јувентус, но пред неколку недели истакна дека сака да остане во Рим, а веројатно и Рома не би ризикувала со продажба на еден од своите најдобри фудбалери во најголемиот ривал за титулата.
Во Јувентус сеуште се надеваат и на Андре Гомеш од Барселона, Емре Џан наводно е договорен за идното лето, но како приоритет во завршницата се истакнува фудбалерот на Рома.
Значи идеалното сценарио за Јувентус во финишот од преодниот рок е да го доведе Стротман, продажба на Асамоа, враќање на Спинацола и да се убеди Лотито да го пушти Кеита, секако и веќе обезбедениот потпис на Бенедик Ховедес.
Но, многу по веројатна е ситуацијата преодниот рок да биде затворен со Ховедес и евентуалното пристигнување на Кеита. Јувентус ова лето во клубот ги доведе: Даглас Коста, Матуиди, Де Шиљо, Шчесни, Бернардески и Бентакур.