Кога тимот ќе се врати во Италија, тој оди во Џенова, но ова лето Јувентус покажа каков бисер има во сопственост.
Го сруши Баерн со два гола, а изминатата ноќ повторно се запиша во листата на стрелци против тимот од МЛС лигата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Андреа Фавали е млад италијански репрезентативец, има 21 година и ќе биде испратен на позајмица во Џенова. Ако продолжи вака да ги тресе мрежите следната сезона би можел да добие шанса во Јувентус.
Италијанскиот шампион против МЛС тимот славеше на пенали, Фавали постигна гол во првото полувреме со кој го доведе Јувентус во водство, за потоа да изедначи Џозеф Мартинез, на воодушевувње на повеќе од 70.000 навивачи во Атланта.
После пенал рулетот Јувентус успеа да слави со 5:3. Турнеата во САД Јувентус ја завршува овој викенд кога ќе игра против Реал Мадрид, потоа следи враќање во Торино каде што ги чека Роналдо, но и најновото засилување, повратникот Бонучи.