Раководството на италијанскиот шампион Јувентус донесе изненадувачка одлука и е спремно да го продаде Миралем Пјаниќ.
Италијанските медиуми пренесуваат дека Пјаниќ добил слобода да донесе одлука на крајот на сезоната и доколку сака да замине, „бјанконерите“ нема да му стојат на патот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Наводно „старата дама“ веќе нашла замена за Босанецот, а тоа е Арон Рамзи од Арсенал. Јувентус е во поодминати преговори со неговиот агент и е на добар пат да го обезбеди потпист на Велшанецот без обештетување.
Тоа ќе му овозможи на Јувентус да му ја отвори излезната врата на Пјаниќ и добро да заработи од неговиот трансфер.