Јувентус е силно заинтересиран за белгискиот играч за врска, Самби Локонга, кој минатото лето се пресели во Арсенал.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Локонга го загуби местото во првиот тим кај Артета и сака да ја промени средината во потрага по поголема минутажа.
22-годишниот играч за врска може да игра на сите позиции во средниот ред и Алегри сака да го донесе во јануари.
„Топџиите“ се спремни да го пуштат и за неговата слобода бараат 15 милиони евра, додека „старата дама“ го сака на позајмица со право на откуп.
Јувентус го стави Мекени на продажба и очекува од неговиот трансфер да добие 20 милиони евра, а во Локонга гледа идеална замена за Американецот.