Најмалку три натпревари, но веројатно казната на Даглас Коста ќе биде многу поголема…
Даглас Коста во вчерашниот натпревар помеѓу Јувентус и Сасуоло во финишот го плукна противничкиот играч Ди Франческо и после реакцијата на ВАР заработи исклучување.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Казната која ќе ја добие од управата на Серија А сигурно нема да биде помала од три натпревари, но Бразилецот ќе добие и казна од Јувентус, тоа го потврди и стратегот Алегри.
Јувентус веројатно нема да ја соопшти казната, но се шпекулира дека во прашање е сума од 200.000 евра. Тоа би било највисоката казна која еден играч на Јувентус ја добил од страна на клубот во последниот век.
Но, многумина се прашуваат што се случи претходно и зошто Коста реагираше на таков начин.
„Не знаете што ми кажа“, напиша Бразилецот утрово.
Тоа е на дисциплинската комисија да го открие, а доколку се докаже дека во прашање е расистичка навреда тешка сусепнзија би добил и Ди Франческо.
Одлуката од страна на сојузот кога во прашање е Коста ќе биде донесена во текот на утрешниот ден.