Се погласни се шпекулациите дека Пауло Дибала на крајот на сезоната ќе го напушти италијанскиот шампион Јувентус.
Дибала оваа сезона е во сенка на Кристианто Роналдо, игра под своето ниво, па често натпреварите ги почнува од клупата за резерви.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Поради тоа се поголеми се шансите да ја напушти „старата дама“ на крајот на сезоната, а за неговиот потпис силен интерес покажуваат Интер, Манчестер Јунајтед и Ливерпул.
Италијанските медиуми тврдат дека најсилен е интересот од страна на Ливерпул, кој веќе ги започнал преговорите.
Најновата информација од Италија е дека Јувентус сака да ја искористи таквата ситуација за да дојде до потписот на Мохамед Салах.
Имено, раководството на „старата дама“ е спремно да го понуди Дибала плус 50 милиони евра за да го добие потпот на Египќанецот. Салах веќе има големо искуство во италијанскиот фудбал, каде го носеше дресот на Фиорентина и Рома.
Јувентус е спремен да се откаже од Дибала и Даглас Коста, па Салах ќе биде трансфер цел број еден ова лето за „бјанконерите“.
Juventus to offer Liverpool Dybala as part of stunning Mohamed Salah transfer bid https://t.co/DhLICTUBrL pic.twitter.com/O4L8g8EaET
— The Washington Time (@TimeWashington) March 22, 2019