Дома Трансфер зона Јувентус му нуди интересна трампа на Челзи

Јувентус му нуди интересна трампа на Челзи

Италијанските медиуми веќе подолго време пишуваат дека примарна цела на Јувентус ова лето ќе биде плејмејкерот на Челзи, Жоржињо.

Тренерот Сари смета дека Жоржињо ќе биде идеален наследник на Миралем Пјаниќ, кој потпиша за Барселона.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Доаѓањето на Артур не го исклучува трансферот на Жоржињо, бидејќи Сари сака двајцата да играат како тандем во средниот ред.

Ова лето поради финансиските загуби на клубовите често ќе гледаме големи трампи, па Јувентус е спремен да му понуди интересна трампа на Челзи.

Имено, „старата дама“ за потписот на Жоржињо е спремна во Челзи да ги испрати Арон Рамзи.

Рамзи е веќе докажан фудбалер во Премиер лигата и Лампард е негов голем симпатизер, па голема е веројатноста „сините“ да ја прифатат трампата.

Клубовите двајцата играчи ги ценат на околу 50 милиони евра, па тоа би можело да ги забрза преговорите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал и Ливерпул го сакаат Брахим Дијаз

Брахим Дијаз минатото лето се врати во Реал Мадрид и ја потврди својата класа, но оваа сез…