Дома Фудбал Италија Јувентус може да биде исфрлен во Серија Б

Јувентус може да биде исфрлен во Серија Б

Италијанскиот гигант Јувентус го тресе голем скандал за финансиски малверзации, ситуацијата е сериозна и му се заканува жестока казна.

Поради тоа целото раководство на чело со претседателот Андреа Ањели поднесе оставка, а обвинителството во Торино покрена обвинение против 12 лица од раководството.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Исто така и Јувентус како клуб се соочува со сериозна казна, а експертите по спортско право тврдат дека може да биде исфрлен во понизок ранг.

„Зборуваме за најсериозната истрага која го погодила Јувентус, веројатно посериозна и од „Калчополи“ во 2006. Незаконските активности се проширени на берзата, прекрешни се сериозни корпоративни и спортски правила. Според законот Јувентус може да биде исфрлен од Серија Б“.

„Правилата предвидуваат ако регистрацијата во првенството се остварила со лажни документи клубот може да биде исклучен од првенството, но и да му се одземе титулата шампион на Италија“, објасни експертот за спортско право, Матија Грасини.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Ѓокереш јавно проговори по драмата со Спортинг

Виктор Ѓокереш одби да почне со подготовките со Спортинг и чека дозвола од клубот од Лисаб…