Раководството на Јувентус има намера да му донесе ново португалско друштво на Кристиано Роналдо.
„Старата дама“ ова лето покрај Роналдо го донесе и Жоао Кансело, а сега има намера да донесе уште еден Португалец.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Станува збор за играчот на Вулверхемптон, Диого Жота. Овој крилен напаѓач минатата сезона беше на позајмица во Волвс од Атлетико Мадрид, но англискиот клуб ова лето го откупи неговиот договор.
21-годишниот Португалец го привлече вниманието на многу европски гиганти, а во татковината го споредуваат токму со Кристиано Роналдо.
Јувентус внимателно ја следи ситуацијата и е во одлични односи со неговиот агент, па многу е веројатно дека следното лето ќе се зголеми португалската колонија во Торино.