Приоритет на Јувентус во зимскиот преоден рок ќе биде доведување на дефанзивец, кој ќе биде идеален партнер на Бремер.
Прв на листата желби е дефанзивецот на Ајнтрахт и млад француски репрезентативец, Еван Ндика.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
22-годишниот Ндика минатата сезона одигра одлично во дресот на Ајнтрахт Франкфурт и се етаблираше во еден од најдобрите дефанзивци во Бундеслигата.
Милан во текот на летото испрати понуда за него, но Ајнтрахт не сакаше да го пушти. Меѓутоа, неговиот договор истекува на крајот на сезоната и нема најави за негово продолжување.
Таквата ситуација сака да ја искористи Јувентус и да го доведе во јануари за симболична сума, а веќе стапиле во контакт со неговиот агент.