Дома Трансфер зона Јувентус има нова мета: Ја плаќаат клазулата за стопер од Премиер лигата?

Јувентус има нова мета: Ја плаќаат клазулата за стопер од Премиер лигата?

aldervild

Беглиецот е нова мета на „старата дама“.

Јувентус ја одложуваше реконструкцијата на стоперската линија, но на лето дефинитивно ќе мораат во италијанскиот шампион да се „фатат работа“. На Јувентус му е потребно барем едно сериозно засилување во одбраната.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Бразаљи оди пензија, Киелини има уште една година од договорот и прашање е дали ќе продолжи после тоа, во четвртата деценија од животот влезе и Бонучи, а единствен млад стопер е Ругани со кој Јувентус вчера официјално го продолжи договорот до 2023 година иако Алегри досега немаше премногу доверба во него.

Планот на Јувентус е да се доведе еден сигурен и искусен стопер и уште некој помлад. Веќе го обезбедија Ромеро за 20 милиони евра од Џенова, но тука нема да биде крајот.

Прва мета беше Матијас Де Лихт од Ајакс, но тој е нереална мета затоа што за него изгледа трката ја доби Барселона. Варан изгледа е недоприлив во Реал. Многу пореални се опции како Манолас, Савиќ или најновото име на листата Тоби Алдервилд.

Јувентус сериозно размислува за активирање на откупната клазула за 30 годишниот Белгиец. Тој на лето влегува во последната година од договорот и може да го напушти Тотенхем за 30 милиони евра. Не сака да ја продолжи соработката затоа што со „петлите“ не може да се бори за трофеи. Се споменуваше Манчестер Јунајтед, но повикот од Јувентус изгледа е сериозна понуда.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал и Ливерпул го сакаат Брахим Дијаз

Брахим Дијаз минатото лето се врати во Реал Мадрид и ја потврди својата класа, но оваа сез…