Дома Топ вести Јувентус и ПСЖ се договорија за Паредес

Јувентус и ПСЖ се договорија за Паредес

Јувентус постигна договор со Пари Сен Жермен за Леандро Паредес, пренесуваат италијанските медиуми.

ПСЖ е подготвен да преговара за продажба на 28-годишниот играч, особено после доаѓањето на Ренато Санчез и за неговата слобода бараше 20 милиони евра.

Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови?


Двата клуба постигнале договор за едногодишна позајмица за 2 милиони евра со право на откуп следното лето за 18 милиони евра. Откупот може да стане задолжителен ако Паредес одигра одрден број натпревари.

Аргентинецот долго време е на радарот на „бјанконерите“, кои уште минатата недела ги договорија личните услови со неговиот агент.

Се очекува до крајот на неделата Паредес да пристигне во Торино и да го комплетира трансферот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Манчестер Јунајтед и Борнмут приредија спектакуларно шоу со осум гола на “Олд Трафорд”

Манчестер Јунајтед и Борнмут одиграа возбудлив натпревар, кој беше завршен како последен м…