Иднината на Гонзало Игуаин е „мистерија“ откако напаѓачот се врати во Јувентус после позајмицата во Челзи.
И покрај фактот што тренер на Јувентус е неговиот „ментор“ Маурицио Сари, јасно е дека за Аргентинецот повеќе нема место меѓу „бјанконерите“, па се обидуваат да најдат купувач.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Италијанските медиуми пренесуваат дека челниците на „старата дама“ се загрижени, бидејќи во моменто нема заинтересирани клубови за Игуаин. Во наредните денови се очекува спортскиот директор Паратичи да има средба со братат на напаѓачот за најдат решение.
Интерес за него покажува Рома, Јувентус е спремен да направи трампа со „волчицата“, но проблем е што Игуаин заработува 8 милиони евра по сезона, плата која на „Олимпико“ не се спремни да му ја дадат.
31-годишниот напаѓач има уште две години од договорот со Јувентус, а после слабата сезона и неговата висока плата, тешко дека ќе се најде клуб кој ќе сака да го купи Аргентинецот.
https://youtu.be/uzj-2FyCsaM