Италијанскиот шампион Јувентус денес договори два големи таленти од Швајцарија и Франција.
18-годишниот играч за врска на Сион, Јаник Котар ќе се пресели во редовите на Јувентус. Младиот фудбалер има само два натпревари за првиот тим, но скаути на многу европски клубови ги следеа неговите настапи со младинците на Сион.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Второто засилување за „старата дама“ е 17-годишниот дефанзивец Жан Клод Нтенда. Тој е младински репрезентативец на Франција и доаѓа од Нант.
Може да игра како лев и десен бек и важи за еден од најголемите таленти во Франција и ги помина сите селекции на „триколорите“.
#Juventus: visite mediche in corso per #Ntenda // Ntenda is currently undergoing a medical at #Juventus ??⚪️⚫️ @Goalitalia @Goal pic.twitter.com/vyIaokJEHP
— Romeo Agresti (@romeoagresti) January 8, 2020