Јувентус е силно заинтересиран за левиот бек на Челзи и италијански репрезентативец, Емерсон Палмери, пренесува „Тутоспорт“.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
27-годишниот италијански репрезентативец се претставува одлично во Лига 1 каде игра на позајмица во Лион.
Палмери на крајот на сезоната ќе се врати во Челзи, но не е дел од плановите на Тухел и сигурно ќе биде продаден.
Јувентус сака да ја искористи таквата ситуација, бидејќи бара замена за Алекс Сандро, кој оваа сезона не игра на препознатливото ниво.
„Сините“ за слободата на Палмери бараат 20 милиони евра, а „бјанконерите“ ќе се обидат да ја намалат таа сума преку преговори.
#Juve, #EmersonPalmieri per il dopo #AlexSandro: i dettagli e le alternative 🚆 https://t.co/okFgwmxNEB
— Tuttosport (@tuttosport) March 8, 2022