
Србија и Косово ќе се соочат во финалето на турнирот во „Каунтер страјк 2“ на Медитеранските еспорт игри. Двете селекции веќе одиграа еден натпревар на ова натпреварување, но сега влогот е трофејот.
Првата меѓусебна пресметка, во групната фаза, заврши со победа на Србија. Косово со пласманот во завршниот меч доби можност за реванш, додека српскиот состав ќе се обиде со уште еден успех против истиот ривал да го заокружи настапот.
Патот на Србија до финалето помина без пораз. Групниот дел го заврши со максимален учинок, а победничката серија ја продолжи и во елиминациските натпревари, во кои не загуби ниту една мапа.
Во четвртфиналето беше елиминирана Босна и Херцеговина со 2:0 во мапи. Потоа ниту Португалија не успеа да ја запре српската селекција: и полуфиналниот дуел заврши со идентични 2:0, резултат со кој беше обезбедено местото во мечот за титулата.
Покрај трофејот, финалистите ќе се борат и за победничка награда од 1.500 американски долари. Тоа е половина од вкупниот награден фонд на турнирот, кој изнесува 3.000 долари.