Дома Фудбал Јувентус во 94. минута, по голема драма, скокна на првото место во Серија А

Јувентус во 94. минута, по голема драма, скокна на првото место во Серија А

ЈУВЕНТУС победи со 2:1 на гостувањето кај Монца во 14. коло од Серија А и привремено скокна на првото место.

Јувентус моментално има 33 бода, еден повеќе од Интер, кој во недела гостува кај Наполи.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Јувентус имаше пенал во 11. минута, но Душан Влаховиќ беше прочитан од Микеле Ди Грегорио. Одбрани пенал, а потоа и удар од одбиена топка.

Сепак, неколку моменти подоцна Јувентус поведе со 1:0 во 12. минута со голот на Адриен Рабиот по корнер.

Тој резултат стоеше до 91. минута и Јувентус рутински ја одржуваше предноста, додека Валентин Карбони не постигна ефектен гол за израмнување.

Напаѓачот кој игра во Монца како позајмен од Интер, влезе од десната страна и се обиде да нафрли во шеснаесетникот на Јувентус. Сепак, таа топка ги прелета сите и заврши во мрежата на гостите.

Сепак, во 94. минута Федерико Гати им донесе тројка на гостите од Торино. Италијанскиот стопер се најде во шеснаесетникот на Монца и прими одлична топка од Рабиот. Погоди при вториот обид за големо славје на Јуве. Во следното коло Јувентус го пречекува Наполи, а Монца ја пречекува Џенова.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Милан се засилува од Реал Мадрид!

„Црвено-црните“ веќе се подготвуваат за наредната сезона. Според италијанските медиуми, Ал…