Дома Трансфер зона Јувентус ја сака ѕвездата на Ајнтрахт

Јувентус ја сака ѕвездата на Ајнтрахт

Јувентус е силно заинтересиран за дефанзивецот на Ајнтрахт и млад француски репрезентативец, Еван Ндика.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Бјаконерите“ се во потрага по дефанзивец кој ќе може да биде идеален партнер на Бремер, а Ндика е на врвот на листата желби.

22-годишниот Ндика минатата сезона одигра одлично во дресот на Ајнтрахт Франкфурт и се етаблираше во еден од најдобрите дефанзивци во Бундеслигата.

Милан во текот на летото испрати понуда за него, но Ајнтрахт не сакаше да го пушти. Меѓутоа, неговиот договор истекува на крајот на сезоната и нема најави за негово продолжување.

Таквата ситуација сака да ја искористи Јувентус и да го доведе без обештетување, а веќе стапиле во контакт со неговиот агент.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…