Дома Фудбал Европско првенство во фудбал ЕУРО Јирген Клоп го откри својот фаворит на Европското првенство

Јирген Клоп го откри својот фаворит на Европското првенство

Поранешниот менаџер на Ливерпул, Јирген Клоп верува во репрезентацијата на Германија, но смета и дека Шпанија може да стане нов европски шампион.

Откако го напушти Ливерпул по девет годни Клоп со сопругата е во Мајорка каде што ужива во животот без тренерската работа.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


„Цел живот сонував за куќа на југот. Го сакам ваквото време, ја сакам климата, луѓето тука…Многу ми одговара ова место“, изјави Клоп.

Иако не е фудбалски ангажиран сепак го следи Европското првенство.

„Германија е добра, Франција исто така, Англија очекувам да биде подобра дефинитивно. Во овој момент сепак мислам дека Шпанија покажа најмногу“, изјави Клоп.

Токму Германија и Шпанија ќе играат во четвртфиналето на во петок во Штутгарт, а во преостанатите натпревари силите ќе ги одмерат: Франција – Португалија, Англија – Швајцарија и Холандија – Турција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Европско првенство во фудбал ЕУРО

Проверете

После Гарначо Челзи носи уште еден незадоволен играч на Јунајтед Наслов: После Гарначо, Челси ќе краде уште еден незадоволен од Рубен Аморим?

Гарначо ова лето пристигна од Манчестер во Лондон, а по негови стапки би можел да тргне и …