Дома Трансфер зона Јаја Туре претставен во Олимпијакос, навивачите го пречекаа како крал

Јаја Туре претставен во Олимпијакос, навивачите го пречекаа како крал

Легендарниот афрички фудбалер Јаја Туре од денеска и официјално е член на грчки Олимпијакос.

После истекот на договорот со Манчестер Сити, за кој настапуваше осум години, Туре се одлучи на повраток во Олимпијакос за кој играше во периодот од јули 2005. го август 2006.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Иако го бараа голем број клубови како од Англија, така и од некои други земји, Јаја Туре реши да го одржи својот збор кој го даде кога своевремено замина во Монако.

„Кога во 2006. одлучив да заминам, реков дека еден ден ќе се вратам. Сега дојде тој ден и сум среќен поради тоа.“ – рече Туре официјалното претставување.

Доаѓањето на Туре во Олимпијакос предизвика еуфорија кај навивачите на грчкиот великан, кои своето најголемо засилување го пречекаа како крал – во голем број со бакли.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан го избра наследникот на Жиру

Главна цел на Милан во летниот преоден рок ќе биде доведување на врвен напаѓач кој ќе може…