Милвоки изедначи на 1:1 во финалната плеј-оф серија на Источната конференција во НБА откако вчера беше понижена Атланта со 125:91.
Натпреварот беше решене уште во првото полувреме, а клучна беше втората четвртина која заврши со 43:17 за до тогаш највисоки плус 32 (77:45). Домаќинот и покрај големото водство не попушташе, а во продолжение дојде и до огромни 41 поен разлика (118:77).
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Антетокумпо натпреварот го заврши со 25 поени, девет скока и шест асистенции, зад него беше Холидеј со 22 поени. Првата ѕвезда на Атланта, Треј Јанг мечот го заврши со 15 поени што најслаб негов учинок во плеј-оф натпреварите.