На фудбалерот на Манчестер Јунајтед во саботата по мечот со Ливерпул му се испразнија џеповите, а од нив ипаднаа клучеви, мобилниот и Мохамед Салах, за што се зборува и два дена по најголемото англиско дерби кај навивачите на „Црвените ѓаволи“.
Манчестер Јунајтед во саботата со 2:1 на својот „Олд Трафорд“ славеше над Ливерпул, а инаку фантастичниот фудбалер на „Црвените“, Мохамед Салах го одигра можеби и најлошиот натпревар од пристигнувањето на „Енфилд“.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
На него во текот на средбата во Манчестер, одлично одигра 32-годишниот универзалец во тимот на Мурињо, Ешли Јанг кој успеа егиипетскиот виртуоз да го ограничи на неколку полуприлики.
По мечот на социјалните мрежи се појавија коментари од фановите на Јунајтед, кои го „боцкаа“ Салах констатирајќи дека Јанг го „ставил во својот џеб“.
На ваквиот тренер се придодаде и самиот Јанг кој на својот Инстаграм постави своја фотографија со интересен натпис.
„Престанете да ме испрашувате. Не е во мојот џеб, се колнам дека не е“, напиша Јанг очигледно алудирајќи на коментарите на сметка на Салах.