Мохамед Салах освен што е фантастичен фудбалер по овој потег јасно е дека е и голем човек.
Мегапопуларниот Египќанец во родното село донирал пари за изградба на фудбалско игралиште и спортска сала, а место вилите кои му ги нуделе во Египет побарал да се изгради нешто за оние на кои домот им е најпотребен.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
После сето ова ѕвездата на Ливерпул повторно покажа дека има големо сре. Во детската болница во Гиза каде што лекуваат деца болни од рак донираше опрема вредна половина милион фунти која ќе се користи за пресадување на коскена срж.
Да потсетиме, Салах минатата година на еден пропаднат египетски фудбалер му подари 26.000 фунти да си ги покрие долговите, а минатата сабота се понудил на едно семејство од Египет да го плати лекувањето на нивната ќерка.
Mohamed Salah has donated 12 million egyptian pounds to his local hospital in Egypt in order to purchase a bone barrow transplant machine.
— Mootaz Chehade (@MHChehade) March 6, 2018