Шпанските медиуми пренесуваат дека главна цел на Реал Мадрид за следното лето ќе биде ѕвездата на Борусија Дортмунд, Џуди Белингам.




18-годишниот фудбалер остави одличен впечаток во својата прва сезона во Борусија Дортмунд и го привлече вниманието на многу европски гиганти, а најсилен интерес за него покажува Реал Мадрид.




Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Белингам има договор со „милионерите“ до 2025 година, но планот на Реал Мадрид е Англичанецот да пристигне следното лето и да биде долгорочна замена за Лука Модриќ.




Реал сака да ја победи конкуренцијата од англиските клубови и веќе работи на трансферот, а е спремен да плати 100 милиони евра за неговиот потпис.




Скаути на „кралевите“ го следеле Белингам и синоќа против Манчестер Сити, каде одигра одлично и постигна гол за Борусија Дортмунд.