Дома Фудбал Италија Ѕвездата на Баерн пристигнува во Торино – и тоа бесплатно!?

Ѕвездата на Баерн пристигнува во Торино – и тоа бесплатно!?

Баерн Минхен и Давид Алаба се уште се без договор, па играчот на лето може да ги напушти редовите на актуелниот европски првак.

28-годишниот Алаба станува слободен играч на крајот од сезоната и одбива да ја продолжи соработката со Баварците. Познато е дека има несогласувања околу платата, односно дека Алаба бара премногу.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Целата ситуација ја следи Јувентус, кој може да направи уште еден голем трансфер – бесплатно. Старата дама во минатото знаеше да донесе врни игра бесплатно, па ако успеат и со Алаба тогаш треба да им се даде признание.

Сепак, Јувентус може да има проблем бидејќи за услугите на Алаба е заинтересиран и богатиот ПСЖ, кој е подготвен да ги исполни желбите на ѕвездата на Баерн.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Артета „пукна“ по поразот од Гвардиола, па носи „ѕвер“ од 185 милиони евра

Арсенал неодамна го загуби финалето на Карабао купот од Манчестер Сити и остана без тој тр…