Дома Останати Тенис Ѓоковиќ со лесна победа го стартуваше турнирот во Рим

Ѓоковиќ со лесна победа го стартуваше турнирот во Рим

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ со сигурна победа против Русинот Аслан Карацев го започна турнирот во Рим. Ѓоковиќ славеше победа со 2:0 во сетови, 6:3 и 6:2.

Карацев го загуби првиот гем на свој сервис, но успеа брзо да возврати и да изедначи на 2:2. Во тој период рускиот тенисер даваше солиден отпор и не дозволуваше Ѓоковиќ лесно да ги освојува следните неколку гема. Сепак во осмиот Новак ја искористи втората брејк топка и стигна до 5:3, а потоа на свој сервис со 6:3 го освои сетот.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Во вториот сет Ѓоковиќ прикажа уште посигурна игра и веднаш поведе со 3:0, до крајот без проблеми стигна до 6:2.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Алкараз го шокираше тенискиот свет со новиот имиџ – ниту самиот не го планирал, објасни што се случило!

Вториот најдобар тенисер во светот, Карлос Алкараз, синоќа го одигра својот прв натпревар …