Дома Тенис Ѓоковиќ рутински го освои Токио за 76-та титула во кариерата!

Ѓоковиќ рутински го освои Токио за 76-та титула во кариерата!

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ славеше на турнирот во Токио, откако во финалето рутински го победи Џон Милман со 6-3 и 6-2.

Србинот беше голем фаворит уште на стартот на турнирот, па на крајот ја оправда улогата и лесно стигна до својата 76-та титула на АТП-турнејата.

Ова за него беше прв трофеј уште од Вимблдон, а турнирот во Токио од серијата 500, се играше и за награден фонд од 1.895.290 долари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Штип пред домашно деби во ЛШ: Орион доаѓа со три сета предност

Штип УГД вечерва од 18 часот го пречекува Орион Старс во квалификацискиот реванш. Македонс…