Новак Ѓоковиќ во овој период ужива во Париз каде што го чека почетокот на турнирот од мастарс серијата 1000.
Ѓоковиќ вчера беше специјален гостин на доделувањето на „Златната топка“ каде што ја прогласи најдобрата женска фудбалерка, а во таа прилика направи и еден кикс (ТУКА). Но, исто така Новак гостуваше и во една француска телевизија.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во разговорот тема беше и неговото ривалство со Рафаел Надал.
„Голем предизвик е да се победи Рафа на Ролан Гарос, тоа е неговиот дом. Против него немам позитивен резултат на тоа место, генерално одиграв многу прекрасни историски натпревари.
Не сме пријатели со Рафа, но се почитуваме. Се надевам дека еден ден ќе пиеме заедно пијалак на плажа и ќе разговаравме за животот со помалку стрес“, изјави Ѓоковиќ.
Novak on Rafa : “We are not close friends but we have respect for each other. But I, talking personally, I hope that after our careers, we can have a drink on the beach and have a chat about life with less stress”
— Julie 🇫🇷🇬🇧 (@NDjokofan) October 30, 2023
😂pic.twitter.com/KH7MbxjaNf