Дома Тенис Ѓоковиќ го освои Вимблдон и стигна до 20. грен слем

Ѓоковиќ го освои Вимблдон и стигна до 20. грен слем

Најдобриот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ го освои Вимблдон и стигна до својот 20-ти Грен слем трофеј во кариерата.

Ѓоковиќ во финалето беше подобар од Беретини и тоа со 6:7,6:4,6:4,6:3. Со овој трофеј Ѓоковиќ се израмни со Надал и Федерер кои исто така имаат 20 Грен слем титули.

Мечот започна добро за Беретини кој иако губеше со 5:2 успеа да направи пресврт и го освои со 7:6.

Потоа Ѓоковиќ го зголеми нивото на игра и ја оправда фаворитската улога. Следните два сета ги освои со идентичен резултат 6:4, а последниот сет го доби со 6:3.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Штип пред домашно деби во ЛШ: Орион доаѓа со три сета предност

Штип УГД вечерва од 18 часот го пречекува Орион Старс во квалификацискиот реванш. Македонс…