Новак Ѓоковиќ осовениот УС Опен го прослави заедно со кошаркарите кои од Мундобаскетот се вратија со сребрен медал, а на прославата најдобриот тенисер во светот беше и емотивен.
Не можеше Ѓоковиќ да ги задржи солзите, а подоцна на новинарите подоцна има откри што било толку емотивно за него.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Зошто толку солзи? Пред да излезам, почна песната на Београдски синдикат која е посветена за мене. Јас ја знам таа песна, но кога видов како сите кошаркари ги познаваат стиховите од песната и кога видов како пејат, за мене тоа беше премногу емотивно“, изјави Ѓоковиќ.
Објасни и дека заедничката прослава не била планирана.
„Ова не беше планирано, се поклопи во последен момент. Се што се случи во Њујорк беше брзо за мене. Остварив историски успех, а пристигнав во Белград поради семејни обврски и воопшто не требаше да бидам тука. Требаше да бидам во Шпанија на подготовки со Дејвис Купот, но набрзо ќе одам таму“, истакна Новак.
NAJVEĆI SVIH VREMENA! ❤️ pic.twitter.com/ScQ2ib9TXq
— B92 Sport (@b92sport) September 12, 2023