Дома Фудбал Англија „Ѓаволите“ можат да бидат мирни: Де Геа потпишува нов договор!

„Ѓаволите“ можат да бидат мирни: Де Геа потпишува нов договор!

Според последните информации од Островот, Дави Де Геа потпишува нов договор со Манчестер Јунајтед!

Како што пишуваат медиумите во Англија, Шпанецот прифатил нов договор со важност од пет години.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Де Геа во 2015 година потпиша исто така договор на пет години, а во Јунајтед сакаат да го обврзат на подолг временски период.

Оваа вест на Островот се појави откако во текот на вчерашниот ден италијанските и шпанските медиуми пласираа вести дека повеќе нема дилеми и Реал Мадрид го договорил Алисон од Рома кој пристигнува во Мадрид за 75 милиони евра.

Во овој момент не се откриваат финансиски детали од договорот, но јасно е дека платата на Де Геа мора да биде зголемена поради неговите настапи. Шпанецот во последните години два пати беше избиран за играч на сезоната.

Со потпишувањето на новиот договор Де Геа ќе биде обврзан со „ѓаволите“ до 32 години, што значи дека најдобрите години од неговата кариера ќе ги помине на „Олд Трафорд“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Јирген Клоп нема откупна клаузула, појасни неговиот работодавач

Дали Јирген Клоп може лесно да се врати како менаџер на некој клуб? Пред некое време се зб…