Виктор Ѓокереш со своите партии и одлични голови го привлече вниманието на фудбалската планета, а многу големи клубови сакаат да го доведат летово.
Виктор Ѓокереш оваа сезона ја воодушеви целата фудбалска јавност и го сметаат како дело од светска класа меѓу напаѓачите.
Топ 10 трансфери оваа зима! Кој потроши најмногу!? ↓↓↓
Шведскиот напаѓач моментно е повреден, но оваа сезона статистички е навистина на неверојатно ниво.
Во дресот на Спортинг, Ѓокереш постигна 34 погодоци и подели седум асистенции во досегашните 33 натпревари.
Според пишувањата на англиските медиуми, во трката за потписот на Ѓокереш моментално води Манчестер Јунајтед, кој сака со сите сили да го доведе напаѓачот.
Трансферот би можел да изнесува околу 60 милиони фунти, но целата ситуација ја следат уште многу големи клубови.
Меѓу нив најмногу се истакнуваат Арсенал и Баерн, кои исто така би сакале да го потпишат шведскиот напаѓач кој навистина има неверојатни напаѓачки способности.
Тоа го потврдуваат неговите бројки од Спортинг, кои се малку надвор од границите на човечкото разбирање.
За Спортинг одигра 83 натпревари и постигна 77 погодоци и подели 22 асистенции, што е неверојатен податок.