Дома Останати Авто Мото „Шумахер не е истиот кој го познаваме од времето во Формула 1“

„Шумахер не е истиот кој го познаваме од времето во Формула 1“

Поранешниот директор на Ферари, Жан Тод изјави дека неговиот пријател Михаел Шумахер повеќе не е истиот Михаел Шумахер кого го знаеме од времето кога доминираше во Формула 1.

Седумкратниот светски шампион и еден од најдобрите возачи во историјата на Формула 1 доживеа тешка повреда на главата на скијање во декември 2013 година. Шест месеци беше во индуцирана кома, од која беше разбуден во јуни 2014 година, а во септември истата година беше пуштен на домашно лекување и оттогаш нема информации за неговата состојба.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


За Шумахер се грижи сопругата Корина и медицинскиот персонал во нивниот дом на Женевското езеро.

Тод беше директор на Ферари кога Шумахер освои пет последователни шампионски титули од 2000 до 2004 година и двајцата со текот на времето станаа добри пријатели.

“Мик е тука, па не ми недостига. Но тој едноставно не е оној Мик од порано. Тој е поинаков и на најдобар начин е предводен од неговата сопруга и децата кои го заштитуваат. Сега е поинаков и јас ја имам привилегијата да споделувам моменти со него Тоа е се што би можел да ви кажам“, изјави Тод.

„За жал, судбината пред 2010 година целосно го промени. Ќе повторам тој не е Мик кој што сите го знаевме“, додаде Тод.

Шумахер е еден од најуспешните возачи во историјата на Формула 1 со седум титули (1994, 1995, 2000, 2001, 2002, 2003, 2004), 91 победа и 155 пласмани на подиумот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Авто Мото

Проверете

Ѓоковиќ доживеа дебакл и беше исвиркан во Рим 🎥

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ не успеа да се пласира во осминафиналето на Масте…