Дома Актуелно Што ќе се случи – Руни најави голема одлука!

Што ќе се случи – Руни најави голема одлука!

Вејн Руни, можеби веќе го одигра својот последен натпревар за Манчестер Јунајтед.

Натпреварот од финалето на Лигата Европа, Руни го започна од клупата за резерви, а шанса за игра доби дури во 90 минута кога го замени Хуан Мата.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Овие денови многу се пишуваше за негово заминување. Скоро секојдневно англиските медиуми шпекулираа за неговата судбина, а после вчерашната победа конечно се огласи и Руни.

„Не знам искрено. Мислам дека прво треба малку да се одморам со семејството. Имам важни одлуки кои треба да ги донесам се ќе биде познато во наредните неколку недели“, изјави Руни.

Оваа сезона Руни беше стартер на само 15 средби во Премиер лигата, се споменуваше негово заминување во Кина, но за сега најблиску е екипата на Евертон од каде и што пристигна во Јунајтед во 2004 година.

Англискиот фудбалер во дресот на Јунајтед одигра 559 натпревари и постигна 253 погодоци.

 

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Актуелно

Проверете

Кошаркарите на Денвер ги изненадија навивачите – се загреваа во папучи: Еве и зошто

Екипата на Денвер изминатата вечер беше поразена од Лејкерс кој така успеа да намали со 3:…