Реал Мадрид вечерва официјално потврди дека Зидан се враќа во клубот само девет месеци откако го напушти клубот со кој три години во низа триумфираше во Лигата на шампионите.
Оваа вест е фантастична за сите навивачи на Реал Марид, но не и за еден фудбалер на овој клуб.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Зидан беше успешен во Реал Мадрид и никој не може да му замери, но на Дани Себаљос не му одговараше неговото присуство. Играчот кој пристигна од Бетис беше во втор план кај Зидан.
Себаљос дури и јавно не го криеше задоволството кога Зидан си замина од Реал Мадрид.
Еве што изјави во тие моменти.
„Работев и се борев, но некои работи како да се невозможни. Играв само една минута против Борусија Дортмунд. Доколку Зидан останеше сигурно би барал да заминам“, изјави тогаш Себаљос.
Како што сега стојат работите Себаљос веројатно ќе го напушти Реал Мадрид, ако не добиваше шанса тогаш, тешко дека работите сега ќе се променат. Враќањето на Зидан може да биде причина и за заминување на Бејл, меѓутоа за Велшанецот пак има некоја шанса затоа што сега го нема Роналдо, но останува времето да покаже.
Зидан со Реал Мадрид потпиша договор на три години, до 30 јуни 2022 година.