Дома Фудбал Англија Што би правел Челзи ако го нема? Статистиката на Еден Азар е импресивна

Што би правел Челзи ако го нема? Статистиката на Еден Азар е импресивна

Најдобриот фудбалер на Челзи, Еден Азар во последно време игра во голема форма, а од почетокот на 2018. година постигна седум гола во сите натпреварувања.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Во изминативе неколку недели, Азар беше една од ретките светли точки во Челзи, а прашањето е што би било со „Сините“ доколку одличниот Белгијанец не би влегол во вистинската форма во овој период од сезоната. Во каква форма е Азар најдобро покажува статистиката. Од неговите осум последни удари во рамката на голот во Премиер лигата, дури шест завршија во голот.

Азар постигна голови против Арсенал, Брајтон (2), ВБА (2) и Вотфорд (2), а интересно е тоа што дирекно е вклучен во 53% од головите на Челзи оваа година (седум гола, една асистенција). Белгијанецот постигна шест, а сите останати играчи на „Сините“ седум гола.

Еден Азар оваа сезона постигна вкупно 15 гола, со девет асистенции на 36 натпревари за Челзи во сите натпреварувања.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Аргентинскиот репрезентативец: Размислував да се откажам, но кога ја видов сопругата да раѓа се мотивирав да продолжам напред

Централниот дефанзивец на Аргентина Лисандро Мартинес призна дека имал мисли за откажување…