Познато е дека ѕвездата на Реал Мадрид, Кристиано Роналдо има проблем со шпанските доночни власти и дека е под обвинение за затајување данок.
Денес весникот „АС“ откри дека и втората понуда на Роналдо за споразум со шпанските власти била одбиена.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Имено, пред неколку недели Португалецот предложи да плати 14 милиони евра за да избегне затвор. Меѓутоа даночните власти продолжуваат да бараат од фудбалерот 28 милиони евра.
14,7 милиони евра е сумата која Роналдо ја затаил но со дополнителни камати и казни сумата достигнува до 28 милиони евра.
Роналдо споменатата сума треба да ја плати до 15-ти јуни или точно за време на Светското првенство ќе биде изведен пред шпанскиот суд.
Можеби ова е еден од клучните проблеми што Португалецот најави заминување од Реал Мадрид.