Дома Фудбал Шпанската фудбалска федерација доби нов претседател

Шпанската фудбалска федерација доби нов претседател

Досегашниот потпретседател на Шпанската фудбалска федерација Педро Роча е избран денеска за нов претседател на организацијата.

Роча изминатиот период беше вршител на должноста претседател, откако поранешниот прв човек на РФЕФ, Луис Рубиалес, беше принуден да се повлече поради скандалот кога ја бакна в уста репрезентативката Џени Ермосо за време на церемонијата на доделувањето на златните медали по финалето на Светското првенство минатата година.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Роча, кој наскоро ќе го прослави својот 70 роденден, беше единствен кандидат за претседателската должност.

Неодамна  шпанската Влада го стави РФЕФ под надзор поради можна корупција, поврзана со „многубројни грешки во управувањето“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ПСЖ преку пенали до шести трофеј годинава

Пари Сен Жермен ќе стави крај на најуспешната година во историјата на клубот. Екипата на Л…