Актуелниот шампион Барселона има право да потроши 66,5 милиони евра повеќе од Реал Мадрид за плати на своите фудбалери оваа сезона.
Тоа го определи Фудбалската лига на Шпанија после направена анализа на финансиската состојба на професионалните клубови во државата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
За да не се допуштаат крајности при трошењето пари, Лигата пресметува, врз основа на приходите и буџетите на клубовите, каква треба да биде горната граница за плати.
Па така Каталонците можат да одделуваат 632.971 милиони евра, додека „кралскиот“ клуб не треба да ја надминува сумата од 566.530 милиони евра (плати со вклучени даноци).
Двата најголеми гиганти се далеку пред сите, па дури и огромна е разликата со Атлетико Мадрид кој смее да потроши 293 милиони евра за плати.
Тука влегуваат плати за фудбалери, тренери, персонал, раководството, бонуси за агенти, осигурувања и даноци.
Topes salariales OFICIALES de los equipos de La Liga 18/19. Desde los 632M€ del FC Barcelona hasta los 3M€ del Reus pic.twitter.com/gCb6KhZKxE
— Roberto Bayón (@RobertoBayon_) September 13, 2018