Дома Фудбал Англија Шпанецот од Арсенал кој 465 дена е повреден: Често пати се прашувам дали вреди да продолжам…

Шпанецот од Арсенал кој 465 дена е повреден: Често пати се прашувам дали вреди да продолжам…

cazorla

Иако се шпекулираше дека на терените ќе се врати кон крајот на јануари, Санти Казорла (33) ја исклучи можноста за брзо враќање на терените.

Долгогодишниот фудбалер од средината и шпански репрезентативец се повреди на 19 октомври 2016 година против Лудогрец во натпреварот од Лигата на шампионите. После повредите беше подлегнат на рутинска операција, но работите изгледа се искомплицираа.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Како што беше објавено неодамна, докторите поради инфекцијата сериозно размислувале да му ја ампутираат ногата.

„Често пати се прашувам дали вреди да ја продолжам борбата за враќање во фудбалот. Постојат периоди кога помислувам да се предадам, но се надевам дека ќе се вратам на нивото на кое бев пред повредата“, изјави Казорла за шпанската телевизија „RTVE“.

Иначе Казорла од октомври 2016 година Ахиловата тетива ја оперираше дури десет пати.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Кејн го собори рекордот на Халанд во Бундеслигата

Хари Кејн го презеде рекордот кој претходно го држеше Ерлинг Халанд, откако ги постигна си…