Дома Останати Ракомет Шпанецот го напушти РК Вардар, продолжува во Косово

Шпанецот го напушти РК Вардар, продолжува во Косово

Само три месеци траеше соработката меѓу 33-годишниот Виктор Алонсо Гарсија и ракометниот клуб Вардар 1961.

Нема потврда од 15-кратниот македонски шампион и двократен европски првак, но има официјална информација од косовскиот Раховеци кој го потврди трансферот на шпанскиот десен бек.


Финале ЛШ: Реал Мадрид 15-та, или Дортмунд втора!? ↓↓↓


И претходно настапуваше во Косово за екипата на Беса Фамгасин со која двапати беше шампион на таа земја.

Играше и за познати европски клубови како Портланд Сан Антонио, Адемар Леион и Кретеј.

Денеска скопските „црвено-црни“ ги очекува нов натпревар во домашната Супер лига, на домашен терен во малата сала на СЦ „Јане Сандански“ од 19.30 часот ќе играат против РК Бутел.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Хрватска не ја избра Македонија: Познати шеширите за Светското првенство

За пет дена ќе се одржи ждрепката за Светското првенство, а сега се одрени и шеширите. Oрг…