Eкипата на Мајами славеше со 111:103 на гостувањето кај Бостон и така изедначи на 3:3 во финалето на Источната конференција во НБА лигата.
Предводен беше Мајами од неверојатниот Џими Батлер кој постигна 47 поени и тоа е негов рекорд на кариерата во натпреварите од плеј-офот. Покрај 47-поени Батлер додаде уште девет скока и осум асистенции.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Кајл Лауро уфрли 18 поени, Џејсон Тејтум постигна 30, а Џејлен Браун 20 поени. Решавачкиот седми натпревар кој ќе оди во финалето против Голден Стејт ќе го дознаеме во понеделник.