Дома Фудбал Шокантна вест од Црна Гора – почина фудбалски репрезентативен голман (26)

Шокантна вест од Црна Гора – почина фудбалски репрезентативен голман (26)

Црногорскиот голман Матија Шаркиќ почина на 26-годишна возраст, јавува „RTCG“.

Шаркиќ починал околу 6:30 часот во Будва, полицијата е на лице место, се истражуваат сите околности, но најверојатно се работи за природна смрт.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


На голманот на црногорската репрезентација му се слошило во станот во Будва, пријателите веднаш повикале брза помош, но за жал немало помош за него.

Шаркиќ пред десетина дена ја воодушеви црногорската јавност со одличните одбрани на мечот со Белгија, се чинеше дека „храбрите соколи“ добија голман за следната деценија, но прерана смрт ги спречи во тоа.

Ги бранеше боите на многу клубови на Островот, каде што е роден (Гримсби), а во летото 2023 година се пресели од Волвс во Милвол.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Страшно лето за Атлетико: Потрошија 200 милиони евра на осум засилувања!

Додека сите зборуваат за импресивната сезона на Барселона и револуцијата на Реал Мадрид по…