Дефанзивецот на Барселона, Жерард Пике, пати од мистериозна болест.
Фудбалерите на Каталонскиот клуб беа слободни во понеделникот и вторникот, а Пике не тренираше ниту во средата и четвртокот. Денес се појави во тренинг центарот, но повторно не тренираше.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Од Барселона порачаа дека Пике не се чуствува добро, но шпанските медиуми сметаат дека се работи за мистериозна болест. Некои медиуми пишуваа дека Пике пати од од омалаксаност или некој вид на вирус, па се очекува некое време да биде надвор од терените.
Најверојатно дефанзивецот ќе го пропушти натпреварот против Лас Палмас кој се игра во недела. Да потсетиме дека Барселона и Реал Мадрид водат „мртва” трка за шампионската титула во Шпанија, но каталонците во овој момент се принудени да чекаат кикс на Реал.