Дома Фудбал Европско првенство во фудбал ЕУРО Шмајхел: Судијата го реши натпреварот со огромна грешка

Шмајхел: Судијата го реши натпреварот со огромна грешка

Легендарниот Петер Шмајхел во разговор за „беИН СПОРТ“ го коментираше спорниот пенал со кој Данска беше елиминирана од Англија во полуфиналето на Европското првенство.

„Судијата направи огромна грешка за која долго ќе се зборува. Тешко е да се прифати ова затоа што не беше пенал. Ќе бев многу поопуштен ако Англичаните искористена некоја од шансите кои ги имаа, за жал судијата одлучи натпреварот со голема грешка“.

Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст


„Телефонот не престанува да ми ѕвони, а видов и што мислат останатите експерти. Дефинитивно не беше пенал“, изјави Шмајхел.

Ќе потсетиме, првиот голман на Данска Каспер Шмајхел е неговиот син.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Европско првенство во фудбал ЕУРО

Проверете

Цела Италија зборува за тоа што Ибрахимовиќ му го направи на Модриќ

Милан синоќа на Сан Сиро претрпе неочекуван пораз од Парма (0:1) во рамките на 26. коло од…