Судејќи според зборовите на шефот на „Пирели“, долгогодишниот главен спонзор на Интер клубот ќе гради силен тим во наредниот период.
Во последната недела многу играчи се поврзуваат со Интер, едни од нив се Едисон Кавани и Тимо Вернер, меѓутоа конкуренцијата и за двајцата е голема. Марко Тронкети кој е шеф на „Пирели“ потврди дека партнерството со клубот ќе продолжи и најави напад на едни од најбараните играчи на пазарот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Пирели ќе остане поврзан со Интер. Кавани е голем играч, направи многу во неговата кариера и верувам дека ако дојде и во Интер може да продолжи да игра на високо ниво. Вернер е одличен и со нив двајца сигурно би биле силни, уште и ако Ериксен влезе во форма…“, изјави Тронкети.
Секако, ако овие двајца пристигнат во клубот тогаш веројатно ќе видиме заминување на Лаутаро Мартинез кој на големо веќе некое време се поврзува со Барселона.