Дома Останати Шарапова му кажа збогум на тенисот

Шарапова му кажа збогум на тенисот

Марија Шарапова реши да ја заврши тениската кариера, поради хронична повреда на рамото оди во пензија на 32 години.

Петкратната гренд слем шампионка вели дека се повлекува поради хроничните проблеми со рамото, кои и станаа преголем товар и придонесоа да падне на 373-то место на ВТА-листата.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


„Како да го оставиш зад себе единствениот живот што отсекогаш си го знаел? Како да го напуштиш теренот на кој си тренирала уште откако си била мало девојче? Нова сум во ова, па затоа прости ми. Тенис, ти кажувам збогум“, истакна Шарапова.

Атрактивната Русинката ги освои сите четири гренд слем титули во периодот од 2004 до 2012 година, а во 2014 година по втор пат го освои Вимблдон.

Нејзиниот пад почна во 2016 година, кога имаше позитивен допинг-тест на Отвореното првенство на Австралија, за што доби прво двегодишна, па 15-месечна суспензија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

ВАДА бара за Синер суспензија од две години

Светската антидопинг агенција (ВАДА) поднесе жалба до Судот за спортска арбитража во Лозан…